Zivotot-na-edna-vljubena-zena

Животот на една вљубена жена

Животот на една вљубена жена е најпознатото книжевно дело на Ихара Саикаку. Оваа книга е родоначалник на еден автентичен жанр во јапонската литература наречен „укизоши“ (или приказни за „лебдечкиот свет“ на задоволствата), кој ги обработувал темите застапени во прирачниците за куртизани и водичите за квартовите наменети за уживање. Станувало збор за добро прифатено љубовно или еротско четиво, кое на слободен и отворен начин ги истражува бројните аспекти на човековата сексуалност.

Саикаку е одличен познавач на природата на човекот, а во книгата е прикажан цел спектар на социјални слоеви од тогашното јапонско општество, почнувајќи од високите аристократски кругови, преку свештенството, сё до богатите тргов ци, слугите, куртизаните и просјаците. Неговиот стил на пишување е приемчив, забавен, пријатен, на моменти ироничен, но исто така и мудар, со флуиден, непретенциозен, лежерен тон.

250 ден

Автор: Ихара Саикаку
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 150 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?