zabavata_moze_da_pocne

Забавата може да почне

Италија, дадена во делчиња, во една споулавена и ексклузивна Апокалипса. Во срцето на Рим, Салваторе Кјати, ексцентричниот милијардер и сопственик на најпознатата вила во Италија ̶̶ Вила Ада, организира забава која би требало да биде запаметена како најголем монденски настан во историјата на Италија. На списокот на гости се наоѓа целиот италијански џет-сет: актери, музичари, модели, спортисти, а за да биде забавата понеобична, Кјати организира лов на диви ѕверки низ запуштениот стар парк. На оваа забава, помалку неволно, ѝ се придружува и Фабрицио Чиба, познат писател кој се соочува со креативна криза, но и четворица претставници на една „угледна“ сатанистичка секта. Штом паѓа ноќта, „забавата на векот“ се претвора во вистински кошмар, а необичните доживувања ќе ги претворат животите на угледните гости во една грандиозна и замрсена човечка комедија.Во оваа бурлеска или „урнебесна трагедија“, Аманити навлегува во некои чувствителни точки на современото (италијанско) општество, и како и во другите свои романи, убаво ги нијансира ликовите и пронаоѓа човечност и во оние што се однапред одредени како грди, валкани и зли.

450 ден

Автор: Николо Аманити
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 290 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?