Zaokruzuvanje

Заокружување

Карл Фроде Тилер (1970) е еден од најмоќните нови гласови на норвешката книжевност. Добитник е на бројни награди, меѓу кои Европската награда за литература, наградата Брага и наградата на норвешката критика. Покрај романите, има напишано и неколку драми и голем број раскази. Свири во рок групата Конг Лер. Живее во Трондхајм.

Давид не се сеќава кој е. Со оглас во весник ги поканува пријателите и познајниците да му пишуваат писма, со цел да му се вратат сеќавањата. Пријателот од детството Јон, музичар чиј свет почнува да се руши, очувот Арвид, свештеник кој ја чека сопствената смрт, и љубовта од младоста Силје, средовечна жена која можеби наскоро ќе го напушти мажот, решаваат да одговорат на огласот. Овие писма им даваат неочекувана можност да раскажат нешто за сопствените животи, додека истовремено ја заокружуваат приказната за Давид. За овој роман во 2009 година Тилер ја има добиено Европската награда за литература.

250 ден

Автор: Карл Фроде Тилер
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 300 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?