Затворено преку зима

Писателот којшто во Норвешка се здоби со епитетот „новиот Ју Несбе“, автор на неколку бестселери коишто оставија длабока трага во норвешкиот криминалистички литературен жанр, Јорн Л. Хорст, за првпат на македонски јазик.

Есенска магла како килим го покрива пејзажот и викендичките со поглед кон оловното море. Уве Бакеруд има намера да го помине последниот, скопоен викенд во летната викендичка пред зимскиот период. Но, кога пристигнува, го наоѓа местото во хаос, руинирано од провала. А во соседната викендичка: човек кој бил истепан до смрт.

Главниот инспектор, Вилијам Вистинг, има видено претходно голем број ужасни убиства. Но, очајот на сведоците во Ставерн оваа есен, за него е нешто ново. Навидум обична жртва за време на кражба, сепак истрагата покажува дека случајот е многу покомплициран од првичните претпоставки. Полицијата доаѓа до сознанија дека дошло до судир помеѓу две криминални банди, но остануваат голем број нерешени мистерии. Непријатностите не се намалуваат, кога откриваат уште неколку тела на пустиот архипелаг. Во меѓувреме, мртви птици паѓаат од небото….

420 ден

Автор: Јорн Л. Хорст
Издавач: Бегемот
Димензии: 308 стр. 12.5 х 19.5 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber