ЗА СОЗДАВАЊЕТО НА ЧОВЕКОТ

399 ден

Автор: Св. Григориј Нисискиј
Издавач: Икона
Димензии: 160 стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Бидејќи, сè уште во светот на суштествата не се појавило тоа велико и достојно за почит суштество – човекот.
Затоа што не му доликувало на владетелот да се појави пред потчинетите, туку отпрвин да се подготви царството, а потоа доликувало да се прими царот. Поради тоа, Творецот на сè, однапред подготвил нешто како царски чертог за идниот цар: тоа била земјата, и островите, и морето, и небото, слично на покрив утврдено околу сето тоа, и секакво богатство било принесено во тој чертог. Богатство пак, јас ја нарекувам секоја творба, сите растенија и сè што расте, и сè што има сетила, дише и е живо. Ако пак во богатството е неопходно да се вбројат и материјалните творби, кои се сметаат за драгоцени во очите на човекот заради убави- ната на бојата, како на пример, златото и среброто, а исто така и оние камења, кои луѓето ги љубат, изобилството на сето ова било скриено во пазувите на земјата, како во царски ризници, по кои Творецот го претставил во светот човекот, за овој да биде и сведок и очевидец на Неговите чудесии и господар, кој вкусувајќи, се здобива со познание за Дарувачот, а низ убавината и величественоста на видливото ја испитува неискажливата и над зборовите, сила на Создателот. Од оваа причина човекот бил воведен последен во творбата: не затоа што, како безвреден, бил отфрлен за на крај, туку затоа што бил повикан веднаш да постане цар на она што било под негова власт.

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber