igbal

Игбал, мојата тајна

Им се восхитувам на децата што имаат разбирање за возрасните, а ги почитувам возрасните што ги разбираат децата и умеат да ги (про)читаат книгите за деца. Оваа што ја држите в раце им е наменета и на едните и на другите. – Авторката

Кој е мистериозниот Игбал? Зошто животот на Бреза, откако ќе го сретне, станува двоен? Едниот вообичаен, како на врсниците на прагот од деца кон младинци. Другиот, што го минува насамо со Игбал, магично волшебен како возбудлива, чудесна авантура. Која е причината што Бреза него го чува во длабока тајност? Еден ден добива писмо од далечниот Кашмир. Загатката продолжува.

Игбал, мојата тајна од авторката на романот за деца Момчето Молња и на шест книги за возрасни, меѓу кои наградените романи Каменот од Твојот ден – хималајска приказна, Индиго Бомбај и Манастир Фуентерабија.

280 ден

Автор: Јагода Михајловска-Георгиева
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 220 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber