Империјата
400 ден
„По улиците на Магадан се оди по високи ходници ископани во снегот. Тесно е, при разминување треба да се подзастане и да се пропушти другиот човек. Понекогаш ми се случува така да застанам очи в очи со некој постар човек. Секогаш, секогаш во главата ми се наметнува прашањето: А вие што сте биле? Џелат или жртва? […]
И зошто тоа ме интригира и трогнува?
Зошто не умеам да го погледнам тој човек обично, без таа неподнослива и наметлива љубопитност? Сепак, кога би собрал храброст да му го поставам тоа прашање, а тој би изреагирал искрено, би можел да добијам ваков одговор: Па, видете, пред себе имате и џелат, и жртва.
И во тоа беше одликата на сталинизмот- дека во многу случаи нема начин да се одвојат тие две улоги. Најпрвин некој тепал како иследник, потоа лежел во затвор и бил тепан, по извршувањето на казната излегувал и се одмаздувал, итн. Тоа бил свет на затворен круг, од кој имало само еден излез- смртта. Тоа била кошмарна игра, во која сите загубиле.“
Ришард Капушќињски