Истоветниот пат на секојдневието

Љубовта, созревањето и учењето на романската ученичка и студентка Летиција се носечка сторија во романот на Габриела Адамештеану. Но, љубовта е преплетена со мачното романско секојдневие во периодот по Втората светска војна – проникнато од сиромаштијата, диктатурата, моќта на Комунистичката партија и пипалата на тајните служби – Секуритате, кои ги контролираат сите пори на животот и сите луѓе – од најобичните селани, службеници, ученици, студенти до врвните професори и интелектуалци.

Летиција живее во еден мал град во романската провинција, заедно со својата мајка и вујкото Јон. Нивните услови за живеење се тешки, таткото на Летиција е во затвор поради неговите политички ставови, а вујкото Јон, кој е силен автор и интелектуалец фрлен е на маргините на општеството затоа што не сакал да му подари диплома за завршено средно образование на еден секретар во огранокот на Комунистичката партија кој високо се издигнал во државната управувачка структура.
На општо изненадување, иако нејзините најблиски не се политички подобни (таткото, вујкото) таа успева да се запише на факултет во Букурешт, а благодарение на сензибилната љубовна врска со младиот професор Петру Аркан, со својот труд успева да стигне до крајот на своите студии и да започне една „нормална“ работна и животна приказна…
Објавен за прв пат во 1975 година во Букурешт, романот стана класика на современата романска книжевност и доби врвни литерарни критики во најрелевантните романски и франкофонски списанија. Била вистинска храброст во времето на комунистичкото едноумие во Романија да се напише и уште повеќе да се објави роман со ваква содржина. Само некое чудо го спасило ова дело да помине само со цензура на некои делови од книгата и да не биде и целосно забрането. Во изданијата објавени по падот на диктатурата се вметнати и деловите што биле под удар на цензурата.

500 ден

ISBN: 9786082530147 Категорија ,
Автор: Габриела Адамештеану
Издавач: Бата прес
Димензии: 350 стр. 13.1 х 20.3 cm
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber