Zad-agolot_Tomislav-Osmanli

Зад аголот

Романот Зад аголот секако ќе ве насмее. Би сакал да верувам дека веднаш потоа и ќе ве растажи, разнежи, подзамисли… Во секој случај, тој е прозна книга со сложенaградба: развива најмалку девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел се продолжуваат, при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка со фокус во 1999 година, односно до – математички и симболички – последната година на минатиот век.Неговиот наслов „Зад аголот“, содржи своевиден геометриски, но и неопределен судбински концепт – зашто изненадувањето, како аксиом на една геометрија од повисок ранг, чека да нè погоди – никој не знае на кој начин, иако нè очекува секогаш – таму, зад аголот…

Реченово е, се разбира, сосем општо и скудно во однос на напишаното. Ликовите се карактери од еднa многубројна и крајно необична галерија и низа: грчки философи, современи посткомунистички интелектуалци, ориентални архитекти, аскети од тесни и моќни светски клубови, европски драматурзи, обични селани наеднаш претворени во воени жртви, воени и економски емигранти… и многубројни човечки души во севозможни временски и просторни преселби, сите учесници во незавршената трагикомична драма од„последниот чин“ на минатиот век.

Зад аголот е, на извесен начин, првиот дел од мојот претходен роман „Дваесет ипрвиот“. Оттука негов втор наслов може да биде и – На крајот од Дваесеттиот.

Томислав Османли

350 ден

Автор: Томислав Османли
Издавач: Магор
Димензии: 14*20 cm
Тежина: 380 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber