Shevrel-komparativna

Компаративна литература

Ив Шеврел е долгогодишен професор на Универзитетот – Сорбона во Париз, до неодамна и шеф на Катедрата за општа и компаративна книжевност на истата, автор на повеќе дела кои му создадоа висок углед во универзитетските и научните средини во Франција, но и во светот.

Книгата Компаративна литература претставува синтеза на досегашните сознанија и истражувања, но таа е дело кое отвора и нови хоризонти.

Со својот нагласен афинитет за правото на другиот, отфрлувајќи го нарцисоидниот франко-етноцентризам, прифаќајќи ја културата како матрица и најплоден хумус на сите литературни пројави, со афирмацијата на интердисциплинарноста и отворањето кон таканаречените „проблематични литературни зони“ (паралитературата, феминизмот, детската литература и др.) при преостанатите концизно и темелно обработени поглавја за историографијата, за книжевните митови и уметничките форми – книгата на професор Шеврел претставува несомнен предизвик за сите кои денес размислуваат за опстанокот на литературата, воопшто, а со тоа и за потенцијалните можности на новите книжевни истражувања, за компаративната книжевна наука и за нејзините утрешни перспективи.

Милан Ѓурчинов

250 ден

Автор: Ив Шеврел
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 150 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber