Лила - Хероина од Библијата

Поднаслов: Хероина од Библијата

Раскината помеѓу љубовта кон братот Езра и љубовта кон сјајниот персиски благородник Антиноес, кои не може да ги помири, убавата и мудра Лила е ставена пред неблагодарен избор на саможртва.
Езра е опседнат со мислата дека е избран од бога да го врати еврејскиот народ од прогонството назад во Ерусалим и таму да ги оживее законите на Мојсеј.
Тие закони ги заштитуваат најубавите идеи за праведност и даваат смисол на човековата судбина.
Лила, пак, се надева дека ако посвети еден дел од младоста на братот и го следи до Ерусалим, кога Езра ќе ја исполни својата задача ќе може да му се посвети на Антионес.
Во договор со нејзиниот Антиноес таа успева да обезбеди дозвола од персискиот цар сонародниците слободно да заминат за Јудеа. Сосема се посветува на мисијата на братот, но патот е долг. Нејзиното место покрај Езра постепено го превземаат некои други советници. Тие ги изветоперуваат божјите закони до степен кога Езра, заслепен од својата вера, наредува од Ерусалим да се прогонат сите сопруги кои се туѓинки. Лила се спротиставува на фанатизмот на нејзиниот брат и организира преживување, спас на жените и децата осудени да го напуштат градот.
Оргиналниот план-преку саможртва да го одоброволи братот да ја прифати нејзината свадба со Персиев никогаш нема да се оствари. Таа го завршува животот славена од оние на кои всушност не им се посветила.

360 ден

Категорија ,
Автор: Марек Халтер
Издавач: АЕА
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber