Мајсторот
315 ден
Сместен во Киев во 1911 година, за време на растечкиот антисемитизам, романот ја раскажува приказната за Јаков Бок, еврејски занаетчија обвинет за сурово убиство на младо руско момче.
Фокусот на романот е насочен кон судбината на малиот голем човек, кој загубен како зрно песок во непознатите предели на вселената-судбина, сака да дознае зошто се наоѓа на земјата. Бок е мајсторот што до мигот на заминувањето од еврејското село поправа сè, а во затворот посакува да се поправи себеси. Таму, всушност, се спознава себеси и ги пронаоѓа слободата и смислата на својата егзистенција.
Романот во 1967 година ги добива Американската национална награда за литература и Пулицеровата награда за литература.
SKU:
9786082231945
Категории Класици, Македонски, Белетристика, Книги
Ознаки: книги, Роман, Белетристика