Месневија

Месневија е најзначајното дело на големиот суфиски мистик, поет и мислител Мевлана Џелаледин Руми и претставува еден од најважните трудови на исламската мисла. Оригиналното дело содржи околу 26 илјади куплети собрани во шест томови и се состои од раскази кои се надоврзуваат еден на друг и завршуваат со дидактички пораки. Обработените теми се пренесени со длабоко човечко разбирање кое му се обраќа на целото човештво. Мевлана бил мислител, кој исламскиот морал заснован на Коранот и постапките на Пророкот совршено го протолкувал и го применувал во секојдневниот живот. Во Месневијата на едноставен јазик се преточени размислувањата за односот помеѓу човекот и Создателот, односот на човекот со човекот, како и оној на човекот со природата. Величината на Месневијата на Руми, освен во поуките за моралот, лежи и во идејата на суфизмот за „единството со Бога“. Таа е сублимат на суфиското учење дека сите религии се едно и дека се манифестација на истата божествена стварност. Токму ваквите, универзални сфаќања, кои претставуваат врв на една плуралистичка реинкарнација на Исламот, се и причина што денес филозофијата на Руми е многу популарна и на Запад каде што многумина ја доживуват како своевиден мост со Исток. Изборот во проза што го објавуваме е само еден мал дел од импозантното дело на Мевлана и е конципиран како збирка раскази, поучни приказни, анегдоти и басни преточени на разбирлив народен јазик.

300 ден

Автор: Мевлана Џелаледин Руми
Издавач: Алманах
Димензии: 140×205 cm
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил