mocurlivci

Мочурливци

Дали шетајќи низ Зелената Корија ја забележавте таблата на која пишува Мочурлива Пониква?

Тргнете по влажната трева покрај бавниот поток скриен меѓу огромните дрвја, обрабен со грмушки здравец, купчиња копјеста мочурлива трева и сочен мов, и ќе навлезете во еден сосем нов, восхитувачки, богат и радосен свет. Зашто ова не е обично тињосано мочуриште! Оваа Пониква има свои жители: дождовници, жаби, тритони, гуштери, стоногалки, пајаци плетачи, штурци свирачи, мрави… А тие си имаат градоначалник, детска градинка и училиште, амбуланта, поштар, весник, работилница за мебел, пералница, убаво снабдена продавница, гостилница со вкусни јадења „Кај зелената жаба“… Организираат забави и свечености, натпревари во пуштање лотки по потокот, варат мармалади и компоти од глогови јаболка, си помагаат во уредувањето на своите зелени домови…

Но еден ден, нивниот спокоен соживот е нарушен од многу чуден настан – исчезнува Мочуриштето со добрејка! Какво е тоа чудовиште што можело да испие цело мочуриште?!

900 ден

Автор: Барбара Симонити
Издавач: Три
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 270 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?