мојата македонска приказна

Мојата македонска приказна

Поднаслов: Каде одиш, Македонијо!

Основачот на првата македонска автентична политичка партија,ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, во книгата на околу 400 страници, ја изнесува својата лична и политичка исповед, од денот кога прв пат се впушта во политичките води до денешни дни. Во книгата, читателот ќе се сретне со низа факти и настани кои авторот прв пат јавно ги изнесува, потврдувајќи ја својата посветеност на македонското дело. Покрај другото, тема во книгата на најмладиот македонски премиер, се најкритичните мигови на современата македонска историја од осамостојувањето до денес, но и премрежијата низ кои мина партијата што ја основа и во чиј развиток се вложи себеси. Дури и површна анализа на текстот укажува на своевиден животен и политички тестамент на авторот, исплетен од неверојатна искреност на еден политичар. Барем онака како сме навикнале читајќи памфлети на политичари од сите епохи. Во таа смисла, на едно место Георгиевски ќе напише: „…Земајќи ја предвид мојата метаморфоза, сигурен сум дека ако не бев ангажиран во политиката ќе бев познат македонски писател. Можеби, тоа ќе беше подобро и за мене лично и за Македонија! Во книгата, ќе ги сретнете имињата на околу стотина личности од историјата на Македонија, но и на наши современици – негови соработници, политички противници и личности кои имале влијание на неговиот личен и политичкиживот.

500 ден

Автор: Љубчо Георгиевски
Издавач: Ѓурѓа
Димензии: 366 стр. cm
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил