мојот антонио диаволо

Мојот Антонио Диаволо

Потресна романескна фатаморгана која ги брише границите помеѓу она за кое сме свесни и она кое не можеме да го контролираме. Сите протагонисти, од прв до последен, се полулуди и загубени во своите илузии, спомени, сеќавања и визии. Дора Голуб Сибила Петлевски во својата француска суита во шест ставови испишува фантастично реални приказни за животите на еден илузионист, сликар, џез музичар, оперска дива, луѓе кои ја живеат својата уметност преполна болка и убавина дури и кога сонуваат. Во ритамот на музичките ставови се менуваат сегашноста и далечното и блиското минато, се сретнуваат Да Винчи, Веронезе, арапски киднапери, најпознатиот магионичар на XIX век Робер-Уден, хрватска убавица, француски сликар, луд убиец и итар психолог. Мојот Антонио Диаволо е роман кој го сопира времето. Како на најдобрите платна, на чудесен начин се сретнуваат фантастичното и реалното, и секој детаљ е на свое место. Ивица Матичевиќ

350 ден

Автор: Сибила Петлевски
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber