Nesto-licno

Нешто лично

Во својот најважен роман, Нешто лично, нобеловецот Кензабуро Ое ја разработува темата на односот спрема ментално хендикепираното дете. Од почетокот па до крајот на оваа крајно интимна и потресна приказна, протагонистот Птица е соочен со „агонијата од страдања“. Птица сонува за бегство од „кафезот на семејството“, при што постојано копнее да отпатува во Африка, чии карти насекаде ги влечка со себе. Под лупата на нарацијата се ставени токму проникнувањата во тегобните расположенија на Птица, кој едновремено го чувствува бремето од измешани чувства на срам, страв, сомнежи, себеизмама, себеизмачување, себеобвинување. Но и покрај макотрпната, напати апсурдна „внатрешна борба“ на протагонистот Птица, романот на Ое не завршува со ескапизам или нихилизам, туку со еден вид стоицистичко соочување со страдањето и верба во можноста во секоја егзистенција да се пронајде смисла.

280 ден

Автор: Карсон МекКалерс
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 180 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?