![PlayMais® Classic ONE CLAAS](https://ikona.mk/wp-content/uploads/2021/01/4041077002463_PlayMais-Claas-ONE-Box-7618.jpg)
![](https://ikona.mk/wp-content/uploads/2021/01/ххх-01-800x800.png)
Оркански височини
300 ден
Оркански Височини е врв на англиската романтичарска проза, драматична и страсна приказна за невозвратената љубов. Во моментот на објавување, романот наидува на многу остра осуда од тогашната книжевна критика поради бруталноста, капацитетот за насилство кај ликовите и реалистичкото претставување на менталната и физичката суровост во односите меѓу карактерите.
Романот ја истражува поврзаноста меѓу доброто и злото, како и постојаното присуство на овие принципи во природата и во животот на луѓето. Таа двојност, заедно со удвојувањето на ликовите, на внатрешните конфликти што ги разоруваат интегритетот и самочувството на ликовите, го внесува духот на мрачниот романтизам што доминира со ова дело.
Емили Бронте е мајстор за продирање во длабочините на човечките страсти и емоции. Особено интересна e нејзината дилема дали луѓето мора да бидат наречени добри или лоши според стандардите на општеството, законот, религијата.