Освојување на среќата
190 ден
Бертранд Расел е еден од највлијателните филозофи, логичари и математичари на модерното време. Освојување на среќата е дело што спаѓа во популарна филозофија и го содржи Раселовиот „лек за обичната секојдневна несреќа од која страдаат повеќето луѓе во цивилизираните земји, а која е уште понеподнослива зашто, земајќи го предвид фактот дека нема очигледен надворешен причинител, се чини дека е неизбежна“.
На исклучително прониклив начин, Освојување на среќата ги анализира практичните и секојдневни дилеми на луѓето, укажувајќи дека среќата не е дадена туку дека треба да се освои. Со таа цел, Расел повикува на постојано рационално соочување со неизбежните неволи и лоши околности, кои се шират во светот во кој живееме.
SKU:
9786082231655
Категории Книги, Психологија и Филозофија, Публицистика, Македонски, Белетристика
Ознаки: Белетристика, Философија, книги