pat_za_rajot

Пат за рајот

Пат за рајот е необично книжевно дело составено од десет раскази и три драми. Во расказите Драги Михајловски ја продолжува својата потрага по идеалното место за живеење, по некоја своја автентична утопија. Истовремено, ја развива сопствената основна линија на сликање и портретирање на стремежот од обичните луѓе кон необичното, светото, недостижното. Овој однапред очекуван неуспех се должи на ограниченоста на човекот како смртно битие кое нема што да бара во вонземското, возвишеното, боговското. Но овде, како и во претходните раскази и романи на Михајловски, овој таканаречен пат за рајот (и рајот како и царството небесно се, всушност, еден вид негативна утопија или дистопија, односно места кон кои само се стремиме, а фактички, најаве не постојат!) е кажан појасно, без многу метафори и други споредбени стилски бравури.

Трите драми (Швајцарија, Носко и Трите самовили) се, всушност, драматизации на еден роман од авторот и на две бајки – волшебни приказни од Марко Цепенков и од германскиот автор Вилхем Хојф.

280 ден

Автор: Драги Михајловски
Издавач: Три
Димензии: 12,5*19,5 cm
Тежина: 280 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?