Pushkin-Onegin

Поезија / Евгениј Онегин

Она што најмногу пленува во Пушкиновата поезија е нејзината емотивна полнотија, спонтаност и магична хармонија на сите елементи од кои е компонирана таа. Неговиот регистар на теми и мотиви (љубовни, социјални, слободарски, хуманистички, пејзажни…) е богат. Тој се инспирира безмалку од сè до што ќе се допре во надворешниот свет и во светот на својата душа.

Таа способност да пронајде поетска тема во сè, од заборавеното цветче во некоја книга до неопфатот на татковината и стихијата на морето, ја дава на показ основната сила на Пушкиновиот поетски гениј, неомеѓената инвентивност и пловност на неговата имагинација. Притоа е посебно важно да се стави акцент и на рамнотежата меѓу виртуозноста на формата и едноставноста на содржината, меѓу беспрекорниот артизам и чудесната јаснотија на стилот на неговата лирика.

Евгениј Онегин, пишуван во текот на осум години, е посебна круна на Пушкиновото творештво и ремек-дело на руската литература. Во овој исклучителен љубовен роман во стихови, можеби најпознат ваков текст во светската литература, ќе дојде до израз калеидоскопската имагинација на авторот, способноста да се соберат, подредат и одразат во едно огледало множеството слики на една огромна, архитектонски цврсто компонирана мозаичка целина.

Имајќи ја предвид сеопштноста на таа целина која ги содржи во себе општествените, социјалните и психолошките компоненти на Русија од почетокот на XIX век, Белински овој роман на Пушкин ќе го дефинира како „енциклопедија на рускиот живот“.

300 ден

Автор: Александар С. Пушкин
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 370 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber