Ferrnando-Pesoa_Poezija

Поезија

Фернандо Песоа стана културолошка икона не само во неговата родна Португалија, туку и многу пошироко. Се вбројува меѓу најголемите поети на XX век. Не верувајќи во единството на човековата природа, сакајќи да ја отелотвори својата внатрешна умноженост и тензија, Песоа создава бројни автори и авторски поетики пишувајќи под десетици друг имиња. Секој од овие авторски „гласови“ е сосема различен во однос на темите, темпераментот и стилот. Во овој избор се застапени песни напишани под ортонимот Фернандо Песоа, како и хетеронимите Рикардо Рејс, Алваро де Кампош, Алберто Каеиро и Коелјо Пачеко.

Песоа е поет што ги користи сите капацитети на јазикот, а во неговото творештво има одгласи од симболистичката поезија, португалските народни песни, како и футуристички елементи. Наместа минималистички воздржано, а понекогаш револуционерно раскошно, рефлексивно но и остро сензитивно, разновидното дело на Песоа со вознемирувачка убавина ги предвидува и ги инкорпорира современите литературни преокупации.

252 ден

Автор: Фернандо Песоа
Издавач: Магор
Димензии: 14*20 cm
Тежина: 170 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?