Presvrt vo autizmot

Пресврт во АУТИЗМОТ

Поднаслов: – Водич за родители на мали деца за откривање рани знаци на аутизам

* Раните знаци на аутизам се итни – Па зошто чекаме?
* Лесна проценка за откривање на вашата појдовна точка
* Развијте вештини за игра и социјализација
Оваа книга го промени животот на многу семејства ширум светот.
Таа е практичен водич за родители и професионалци за откривање рани знаци на аутизам. Потоа во неа преку јасни чекори, родителите и професионалците ќе откријат како да
им помогнат на децата да го подобрат говорот,
вештините за грижа за себе и за социјализација,
истовремено намалувајќи го проблематичното однесување.
Ова е задолжителна литература за секој родител
кој е загрижен за развојните задоцнувања кај своето
дете. Книгата ќе ви помогне да ги видите знаците во
најраните критични стадиуми и да продолжите со
самодоверба да му помагате на своето дете. Дури и
ако вашето дете не е на спектарот, чекорите на
Мери, кои се лесни за следење, ќе ви ја
продлабочат врската со него.
Мери Линч Барбера доктор на науки (PhD),
регистрирана медицинска сестра (RN),
сертифициран доктор-аналитичар за однесување
(BCBA-D). Таа е 20 години интернационален експерт
за аутизам и мајка на син со оваа дијагноза.
„Книгата е полна со корисни стратегии за
подобрување на учењето и намалување на
проблематичните однесувања. Формуларите,
насоките и практичните примери треба да бидат од
голема помош за оние кои работат со поединци на
кои им треба поддршка во одредени делови како,
комуникација, социјализација, однесување и
секојдневно живеење.“ – д-р Лин Керн Кегел,
клиничка професорка на Медицинскиот Факултет
при Универзитетот Станфорд.

Ако сакате да ја претворите безнадежноста во надеж и моќ, оваа книга е за вас!“
Келси Г., мајка на две аутистични момчиња претставени во книгата.

599 ден

Автор: д-р. Мери Линч Барбера PhD,
Издавач: Икона
Димензии: 130х200 cm
Тежина: 200 гр гр.
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил