Golding-pristapni obredi

Пристапни обреди

Романот Пристапни обреди (1980) на Вилијам Голдинг му ја донесува најпрестижната британска награда за книжевност – „Букеровата награда“. Со својата повеќезначност, сложена структура и спојување на митот и реалноста, романот ја истражува поврзаноста на поединецот со заедницата. Сместувајќи ги своите ликови на осамен брод среде океанот, авторот ги испитува исконските пориви на поединецот, смело навлегувајќи во неговите најнепристапни и најстрашни понори.

„Нужно дело, провокативно, неодложно, богато, комплексно и ретко. Пристапни обреди докажува дека Голдинг едноставно е еден од најдобрите автори на куси романи пишувани на англиски јазик во својата генерација.“

Тајмс

„Исклучителен роман… Роман што длабоко трогнува, истовремено предизвикувајќи огромно задоволство.“

Обзервер

252 ден

Автор: Вилијам Голдинг
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 240 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber