Raskazi

Раскази

Ги де Мопасан е еден од најголемите светски мајстори на краткиот расказ, писател кој го издигнува расказот до првостепен литературен жанр и го преобразува во средство за смело и продлабочено запознавање на животот.

Мопасан, како и Чехов, се залага за девизата „помалку е повеќе“, сметајќи дека колку расказот е покус, тој е толку подобар. Мопасан ги претпочита ненадејните и остри пресврти, краткотрајните но блескави сцени и ситуации. Неговите раскази можат да се читаат како еден вид мали студии на општеството и поединецот кој исклучително тешко се снаоѓа во него.

Понекогаш и со наједноставни зборови, црпени директно од народните извори, од фантастичниот глосар на обичните луѓе, авторот создава чудесна раскажувачка магија и го искажува неискажливото, длабински недофатливото, нешто што може да се предаде само со силата на јазикот, со таинствената супериорност на зборот…

„Мопасан имаше талент за набљудување што ги откриваше во предметите и во појавите оние нивни својства кои се невидливи за другите луѓе.“

Лав Н. Толстој

390 ден

Автор: Ги де Мопасан
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 500 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?