Robinzon-Kruso_Daniel-Defo

Робинзон Крусо

Робинзон Крусо е еден од најпопуларните и најчитани романи на сите времиња. Уште од своето појавување па до денес, оваа книга доживува бројни преводи, имитации и адаптации. Најчесто се споменува како пинерско дело на модерниот реалистичен роман, книга со која се воспоставени стандардите на овој литературен жанр. Поради многуслојноста, Робинзон Крусо се вбројува меѓу големите, речиси архетипски дела на западната цивилизација, заедно со Фауст, Дон Жуан и Дон Кихот.

На прв поглед, фабулата на романот е слична на многубројните егзотични патописно-авантуристички приказни многу популарни во XVII век. Но Дефо преку оваа приказна успева да создаде повеќезначен роман за авантурата, осаменоста, борбата на човекот против силите на природата. Книгата е возбудлива комбинација од духовна автобиографија и прецизна анализа на природата на човекот како општествено битие.

Три века по своето објавување, Робинзон Крусо е актуелно дело што нуди мноштво начини на читање. Таа може да се чита ако авантуристичка книга за деца, егзистенцијален роман за борбата на поединецот за преживување, како и политичка сатира на западното колонијално општество.

315 ден

Автор: Даниел Дефо
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 310 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?