САХИБ - ИМПРЕСИИ ОД ДЕПРЕСИЈАТА

399 ден

Автор: Ненад Величковиќ
Издавач: Икона
Димензии: 164стр. 13х20 cm
Тежина: 200 гр.
ОПИС

Мене ми здодеа оваа приказна со „влезот во Европа”. Јас веќе сум во Европа и тоа што не можам слободно да патувам низ неа и што ме понижуваат со чекање во редици за виза е дел од лицемерството против кое се побунив во Сахиб.

Први реакции на читателите по излегувањето на романот: Да, добар роман – боли, би требало да се зема со морфиум…

E-mail епистоларен роман, во кој на несекојдневен, духовит и интересен начин, од аголот на еден учесник во мировната мисија во Босна, се покажува како другите го гледаат балканот. Книга која нè ослободува од своите и од туѓите предрасуди и заблуди. Шеесет најдуховити писма коишто воопшто некогаш сте ги добиле.

Ненед Величновиќ, како никој до сега, го исмева бирократскиот менталитет на професионалните „мировници“. Со хуморот го постигнал невозможното. Од почетокот го обележував текстот на местата каде што громогласно се смеев, но набрзо се откажав. Требаше да ја подвлечам целата книга…

…притоа сексуалноста на главниот јунак е претставена без предрасуди и со многу искрени емоции. Многу малку автори на светот успеваат да изградат коректен хомосексуален лик. Мислам дека најголема мана на романот е културолошката поврзаност за теренот на Балканот, така што тешко ова прекрасно дело да најде публика вон сопствено поставените граници. Да не е така, овој роман би бил светски бестселер.

…фрустрација на живеењето во СА градот, бесмислата и глупоста на домашните и увозни „проекти“, силината на љубовта… и покрај извонредниот хумор во секоја реченица, според мене ова е многу сериозна книга. Изненадува!

Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber