СОНЦЕТО И ЛАВОТ КАКО СИМБОЛИ ВО ХЕРАЛДИКАТА И ВЕКСИЛОЛОГИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА

д-р Јован Јоновски– хералдичар, главен хералд и претседател на Македонското грбословно друштво, историчар, теолог и физичар, најпознат по своите активности во хералдиката, вексилологијата и фалеристиката.

Роден во 1971 година во Скопје, каде што дипломира на природно-математичкиот факултет, на институтот по физика. Теологија студира во Будимпешта, Лондон и Нови Сад, каде магистрира во 2008 година.

Во 2014 година магистрира Историја во Скопје на институтот за национална историја, каде и докторира хералдика и вексилологија во 2018 година.

Јоновски е придружен член на Интернационалната академија по хералдика, член на Интернационалната комисија за витешки редови, член на комисијата за одликувања на Претседателот на Република Македонија, како и член на голем број национални хералдички здруженија.

Претседател и хералд на Македонското хералдичко здружение во текот на целото негово постоење (2003-2018), и уредник на „Македонски Хералд“.

Автор на поставката „Грбовите на Македонија“ во НУ Музеј на Македонија(2009) и на книгата Симболите на Македонија (2014).

За своите достигнувања и особено за продлабочување на научните и културни врски со Русија е одликуван со орденот св. Станислав од страна на НИВ Марија Владимировна, глава на рускиот императорски дом на Романови.

1,200 ден

Автор: Јован Јоновски
Издавач: Македонско грбословно друштво
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил