Среќен е тој што умее да сака

Во оваа мала антологија, низ различни книжевни форми: поезија, раскази, извадоци од есеи и цитати, Хесе пишува за љубовта и нејзината моќ да го усреќи или да го унесреќи човекот. Таа е поттик за сите негови активности, таа е патот до целта и самата цел, истовремено. За Хесе љубовта е една егзистенцијална и трансцендентална потрага по сопствениот идентитет, состојба на посебно вдахновение и животна сила што го осмислува самото постоење. Љубовта никогаш не е поседување, па оттаму, според Хесе, вистинска љубов е само несреќната, невозвратената, онаа што не очекува, што не поседува и што постои сама за себе. Тој ги возвишува сите видови љубов во една универзална, постојана и безвременска идеја.

200 ден

ISBN: 9786082011318 Категорија , Tags , , ,
Автор: Херман ХЕСЕ
Издавач: Ѓурѓа
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил