fama_za_velosipedistite

Фама за велосипедистите

Фама за велосипедистите, според многумина еден од најдобрите српски романи од втората половина на 20. век, ја раскажува приказната за тајното братство на Крстот на розата, организација чии членови се среќаваат во соништата и црпат езотерично знаење контемплирајќи за/на велосипедот, кои се провлекуваат низ сите периоди од историјата и го создаваат минатото предвидувајќи ја иднината. Братството е заговорничка организација толку распространета и толку тајна, што, во многу случаи, самите членови не се свесни за своето учество во неа. Откривајќи збирка скриени ракописи низ провинциските библиотеки – мемоари, писма, цртежи, философски трактати, мапи – Светислав Бараса полека ја открива пред читателот приказната за тајното братсво, а самиот ја презема улогата на составувач на повестa, и користејќи се до постмодернистичките техники, слободно ја комбинира реалноста со фикцијата, создавајќи спој на игра и фантазија, привидна сериозност и мудрост.„Некои книги стареат со годините, некои повторно оживуваат, некои пак остануваат исти. Но исклучително мал број на книги успеваат реалноста да ја прилагодат на она што во нив е напишано. Пред повеќе од дваесет години, Фама за велосипедистите се чинеше само како еден постмодернистички роман. Денес, романот е историски запис кој секој ден станува сè повистинит.“Давид Албахари
0

250 ден

Автор: Светислав Басара
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 340 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?