Црвено око

Петнаесетгодишниот Халим, дете на марокански родители родено во Стокхолм, секојдневно води дневник кој претставува жива слика на неговата конфузија пред светот во потрага по сопственото место во него. И како да не му е доволно прекршувањето меѓу шведскиот и арапскиот менталитет, го погодуваат и пубертетски маки, проблеми во училиштето и вљубувањето. Пловејќи низ животот и трудејќи се да не се удави во болните спомени за мајка си, Халим се справува со сето тоа како што знае и умее. Си зацртува две цели: да ја освои Марит и да ги сочува своите корени, да се спротивстави на „пошведувањето“ и интеграцијата во општеството кое не го доживува како свој културен простор. Но претставата што овој тинејџер роден во Шведска ја има за арапскиот свет е, всушност, стереотипна и западњачка претстава за Ориентот.

Но набрзо ќе ја проѕре суровоста на светот и апатијата на својот татко, кој се откажал од Борбата. И кога ќе сфати како моќта на Алах е поврзана со судбината и зошто интелектуалците личат на куци камили, Халим кове план: да стане најмоќен револуционерен црноглавец во Шведска и мислечки султан кој ги открива кодовите и ги освојува најубавите женски…

320 ден

Автор: Јонас Хасен Кемири
Издавач: Три
Димензии: 14*20,5 cm
Тежина: 210 гр.
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил