Covekovata-sudbina

Човековата судбина

За Човековата судбина, првпат објавена во 1933 година, авторот Андре Малро ја добива престижната Гонкурова награда. Романот дава преглед на раните денови на Кинеската револуција, согледани од перспективата на личните човечки судбини. Малро нуди психолошки увид во духот на политичката револуција, поставувајќи ги човечките дилеми врз фонот на големите општествени идеи.

Од првата сцена, во која кинескиот терорист Чен се колеба дали да изврши атентат врз човек што спие, романот со кинематографска динамика ја комбинира суровата акција со филозофските размисли на ликовите. Според Малро, уметноста е во постојана битка за слобода, спротивставувајќи се на судбината и минливоста. Тој ја транспонира политичката актуелност, но истовремено и ја трансцендира, допирајќи универзални теми. Книгата нуди оригинална можност за разликување на историјата, историографијата и уметноста. Во историјата се помнат и се споменуваат, пред сè, имињата на лидерите или бројките на загинатите и ранетите, а во романот на Малро акцентот е ставен токму на индивидуалните драми во вителот на историските настани.

315 ден

Автор: Андре Малро
Издавач: Магор
Димензии: 13,5*20 cm
Тежина: 270 гр.
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?