Американски авангардни поети
315 ден
Иако поетската авангарда во САД не може да се потпре само на тројца автори, сепак овој избор приопштува тројца од нив кои, иако безмалку живеат во исто време, успеале да се наметнат во децениите по Втората светска војна како искчучително оригинални, необични и влијателни автори.
Нивното дело го носи белегот и диши во ритамот на промената што најпрвин срамежливо, а потоа како незапирлив бран се раширува од атлантскиот кон пацифичкиот брег на Америка и обратно, раздвижувајќи го хомогениот, стерилен, обезличен и малодушен простор меѓу нив и посадувајќи го семето на бунтот, индивидуалноста, разликата и многугласието во американската култура.
Нивниот маргинализиран, но бунтовен, очаен, ироничен глас, нивниот налудничав виј создаден во мрачните, споредни сокаци од мегаполисите на американската „андерграунд“ сцена денес, на почетокот на XXI век, не само што сè уште се слуша туку и понатаму е жив и влијателен.
Нема на залиха