Дарба
315 ден
Романот Дарба е последниот роман на Владимир Набоков на руски јазик и претставува круна на оваа фаза од неговото творештво. Дарба е ода на руската литература, дело што комуницира со творештвото на најдобрите руски класици.
Главниот лик на романот, Фјодор Годунов-Чердинцев, е млад руски емигрант кој доаѓа во Берлин во почетокот на дваесеттите години, по завршувањето на студиите во Кембриџ. Тој е писател-почетник кој сонува за книгата што еден ден ќе ја напише, книга што многу наликува на Дарба.
Овој роман најдобро го илустрира објаснувањето на Набоков зошто пишува: „За да уживам, за да совладувам тешкотии. Притоа не се поведувам по никакви социјални цели, не сугерирам никакви морални поуки… Јас, просто, уживам да создавам загатки и да ги придружувам со елегантни решенија“.