Миленик
200 ден
Во романот „Миленик“ е проткаена приказната за еден млад човек. Норвежанец, што се пријавува на воена служба во белгиската колонија Конго на почетокот на 20-от век. Како најмал во семејството, добил прекар Миленик. Без претходно да ги извести, ги напушта родителите и вереницата во Кристијанија, Норвешка, за да заработи пари за својата иднина. Но животот како платен војник не е ни најмалку пријатен. Во Конго му е доверена команда над двесте војници, и добива задача со сите можни средства да се грижи домородците да испорачуваат каучук и слоновска коска. Посакува да биде добар човек, но станува угнетувач и империјалист. Во романот се раскажува историјата на неговата борба против сопствениот внатрешен разгром, болеста и можната пропаст.
Дејствието во романот „Миленик“ во основа произлегува од писмата и дневниците на извесен офицер од роднинската лоза на таткото на авторката Кирсти Блом