Роман во една ноќ
300 ден
Не препознавајќи ги својата Макинеја и нејзините градови, бидејќи во меѓувреме се измениле до непрепознатливост, и самиот не знаејќи зошто, помисли дека се наоѓа во некоја непозната и луда земја, како што му изгледаше луд и градот во кој талкајќи, сосема случајно се најде ова жешко попладне.
„Такво нешто како Макенија, никогаш не постоело, ниту ќе постои?“ – зачудено и по малку исплашено го праша Македонецот. Зарем такво нешто е можно? Зарем и ова негово враќање во Макенија е само еден сон и ништо повеќе од сон. Такво нешто Македонецот не сакаше да го прифати. Еве го, седи на макенска почва, го гледа манастирот од своето детство.