Среќниот принц и други приказни
190 ден
Среќниот принц и други приказни е објавена во 1888 година и содржи пет уметнички бајки. Авторот го презема најдоброто од жанрот бајка и го трансформира во книга привлечна за сите генерации.
Чудесното доминира во текстовите, надградено со типичниот естетизам на Вајлд. Речиси сите негови ликови се вљубеници во убавото, трагачи по апсолутното, копнеат по нешто што е недофатливо на земјата. Затоа најчесто бајките имаат невообичаен тажен крај. Низ нив провејува т.н. „блага тага“, толку типична за артизмот од крајот на XIX век.
Вајлд е врвен стилист, бајките се вистински прозни мајстории, сурово-нежна ода на убавината и уметноста што ја победува минливоста.
SKU:
IK_15864
Категории Македонски, Белетристика, Книги, Класици
Ознаки: Белетристика, Современа литература, Бајки, Уметност, книги