Тристан умира
150 ден
Обично сме заробеници на просторот и времето, зашто нашиот живот е овде и сега. Среќа што постои книжевноста, тој мал дар од небото, кој ни овозможува да побегнеме од кафезот на просторот и времето. Како во сон, книжевноста не внесува во други простори и други времиња.Во агонија долга еден месец, последниот август во 1900 година, еден човек го раскажува својот живот, меѓу луцидноста на треската и халуцинациите предизвикани од морфиумот. Живот кој го рефлектира векот што го изживеал и кој го напушта. На неговата смртна постела, еден писател го слуша. И пишува. Но кој од двајцата го раскажува тој живот, оној што зборува или оној што слуша? Кој сведочи за сведокот? Може ли воопшто да се раскаже еден живот?
„Ремек дело! Овој роман на Табуки, можеби најдобриот досега, сведочи за моќта на зборовите, човековата лудост и товарот на времето.ЛиреНеговите размислувања, како забрзано освестување, создаваат литература со неизмерна убавина. Луѓето сакаат, како Тристан, да го раскажат својот живот, но зборовите им бегаат, а пишувањето на табуки останува.“ Ле Монде