10 минути и 38 секунди во овој чуден свет

Што ако по смртта човековиот ум продолжува да работи уште неколку скапоцени минути? Или, поточно, десет минути и триесет и осум секунди… За Леила секоја минута по нејзината смрт ѝ навраќа спомени: семејната тајна за нејзиното раѓање; детството во мирното турско гратче; вкусот на манџата направена од месото на козата што татко ѝ ја жртвува за да го прослави раѓањето на долгоочекуваниот син; бегството во Истанбул за да го избегне несаканиот брак; вкусот на чоколадните бонбони што ги јаде со згодниот студент во борделот во кој работи… Секој спомен ја потсетува и на пријателите што ги запознала во клучните мигови од својот живот ‒ пријатели кои сега очајно се обидуваат да ја најдат… „Очекувајте енергични, сликовити описи што ќе ви ги отворат очите за животот на Средниот Исток проткаени низ трогателната приказна раскажана во препознатливиот, прекрасен стил на Шафак.“ Венити фер „Шафак е страстно посветена на уривање на бариерите, без разлика дали станува збор за пол, раса, националност, култура или оние помистичните.“ Сандеј тајмс

450 ден

Автор: Елиф Шафак
Кошничка

Најава

Немате профил?

Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил