Тежина | 300 кг |
---|


Библија за самопочит
399 ден
Во светот кој е во постојано движење и конкуретност, нашето самопочитување има тежок пат на преживување низ кој треба да помине. Скоро секојдневно, или неколку пати во еден ден, нашата самопочит може да биде срушена. Ако не работиме на тоа да ја подигнеме повторно, некои лузни може да останат и до крајот на животот.
Самопочитта значи да имаме добро мислење за себе. Не смее да се помеша со арогантност или пак со суетност. Да се има виско мислење за себе е психолошки здраво – значаен внатрешен извор кој треба да го заштитиме.
Луѓето со високо мислење за себе главно се посмирени, опуштени; тоа се луѓе кои воедно се и позитивни, одлучни, лесно се изразуваат и се самоуверени. Тие се дружељубиви и подготвени за соработка; со своето здраво тело, полно со енергија, постојано се во потрага на начини и средства да го подобрат нивното однесување и особини. Не бараат постојано одобрување од другите и способни се да делуваат сами.
Кога нашата самопочит е на ниско ниво, стануваме исплашени, негативни, пасивни, напнати, агресивни, самоуништувачки настроени и немотивирани, а се чувствуваме и немоќно и безвредно. Исто така, тоа влијае и на нашата среќа, како и на нашата работа и врските.
Шансите за успех и среќа се многу мали за луѓето со мала самопочит, па не смеете да си дозволите само да седите мирни и трпеливо да чекате и да се надевате дека ќе добиете сила и чувство на вредност. Треба да се активирате!
Значи, без разлика дали вашето самопочитување е мало или пак само поминувате низ тежок период во моментот, оваа книга ви обезбедува 365 совети за како да се мотивирате, да ги покажете вашите потреби и да го развиете вашиот потенцијал за успех и среќа.