made in jabana

Made in Jabana (Маде ин Јабана)

„Маде ин Јабана“ е аманет на Квасе Македонски кој, пред да исчезне без трага, му го остава на Чоколате, горопадно мажиште со детински ум. Записите на Квасе стануваат школата на Чоколате. Тој дури и ги „облагородува“ со свои белешки. Романот го пренесува читателот во Австралија, во предградие на голем велеград, во една динамична средина каде се мешаат луѓе и култури од целиот свет. Се работи за фикција во која имињата и личностите се измислени и секоја сличност со реалноста е случајна. Името на предградието, Дизаја, би се превело како посакување. Такво предградие постои во секој град каде има луѓе што сонуваат за подобар живот. Во Дизаја живее Македонецот Смарто кој во желбата да стане градоначелник се судира со Гркот Какис кој си ја поставил истата цел. Тука почнуваат главоболките на Смарто и неговата одбрана дружина. Во трката за власт, според Смарто, се дозволени сите средства, а до каде ке отиде Самрто останува на читателот да открие.

Романот „Маде ин Јабана“ е авантура проткаена со хумор и ликови што оживуваат уште од првата страница и се чита во еден здив. Покрај централниот лик Смарто, тука се и веќе споменатиот Чоколате, брзоплетиот Квики, запалената Буцана, трагичниот Зорте, иноваторот Цуце, доминантната Дојдена, вжестените патриотски мажинја и други. Личностите зборуваат на сочен јазик што живо се користи во Дизаја, мешавина на македонски и англиски, во случајов наречен макостралски (т.е македонско-австралиски).

Доживувањата на Смарто не завршуваат во „Маде ин Јабана“. Во епилогот на овој роман се навестува дека Смарто тргнува на пат кој се претвора во вистинска одисеја, што продолжува во следниот роман, „Под друга капа“. (less)

320 ден

ISBN: 9789989103261 Категорија , , Tags , ,
Автор: Владо Јаневски
Издавач: Слово
Кошничка
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber
Продавница
0 items Кошничка
Мој Профил

Најава

Немате профил?