Made-in-Slovenia

Made in Slovenia

Made in Slovenia е едно од најзначајните дела Алеш Чар. Книгатае составена од педесет куси прози обединети во една рамковна целина. Постапката е мошне интересна и необична: авторот зема куси, сочни и необични извадоци објавени во дневни весници и потоа ги искористува како почетна точка за своите раскази. Како што кажува и самиот наслов, Made in Slovenia e еден вид калеидоскопски портрет на современиот и урбан живот во Словенија. Тонот на расказите е различен, но книгата може да се чита како студена аналитичка студија на општествените и духовни неуспеси на словенечкото општество.

Покрај стилското студенило и речиси филмската непристрасност при раскажувањето, сепак авторот покажува огромно чувство за емпатија и разбирање за човечките слабости на неговите ликови. Јазикот и описите се крајно економични, а Чар на мајсторски начин со само неколку реченици ја доловува не само амбивалентноста на ликовите, туку и целата сложеност и противречност на современиот живот.

На тој начин успева да напише книга со еден вид двојна експозиција, во која како во некој вид искривено огледало се одразуваат личните и општествените перспективи, постојано проникнувајќи се.д себе.

210 ден

Автор: Алеш Чар
Издавач: Магор
Димензии: 14*21 cm
Тежина: 200 гр.
Продавница
0 items Кошничка

Кошничка

Затвори

Најава

Затвори

Scroll To Top
Facebook Twitter Pinterest WhatsApp WhatsApp Telegram Viber