МАЛИОТ ПРИНЦ
199 ден
https://www.youtube.com/watch?v=fEPqgSNLfK8&ab_channel=MovieclipsTrailers
Ако мислите дека имагинацијата е само пречка за да се достигне зрелоста книгава ќе ви се чини како само уште една детска приказна со многу фантазија. Но Малиот Принц е многу повеќе од тоа… Тоа е приказна која е исто толку важно, ако не и поважно да се прочита како возрасен. Додека сме деца не мора да ни се кажува како да ја користиме имагинацијата – тоа го правиме по цел ден, но како возрасни потребен ни е потсетник и тоа е она што преставува Малиот Принц. Тоа е приказна чија единствена цел е да нé потсетува да ги преиспитаме работите кои еднаш возрасните ни ги кажале дека дека се важни и сериозни и да ги замениме со љубов, среќа и имагинациjа кои толку лесно ни доаѓаа кога бевме деца. Сепак, оваа приказна не е напишана за авторот да ни каже низ што поминал, туку за да се потсетиме и да разбереме што сме изгубиле. При неговото допирање до смртта тој нé потсетува да размислиме што е навистина важно.