МОЌТА НА КРЕАТИВНАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА
449 ден
„Тони Бузан ќе го направи за умот она што Стивен Хокинг го направи за универзумот“. The Times
Креативност не е само да насликате слика или да свирите инструмент – таа може да биде дел од секоја ваша одлука! Моќта на креативната интелигенција е полна со нови забавни податоци, игри и средства, кои ќе ви помогнат да го извлечете максимумот од вашата сопствена креативност. Кога сте креативни, вие сте полни со енергија, ентузијазам и идеи. Користејќи ги своите револуционерни техники на Умствени мапи, Тони Бузан ви покажува како да учите од генијалци како Леонардо да Винчи и Битлси, за да станете:
ФЛУЕНТНИ – да развиете брзината и леснотијата со кои ќе доаѓате до нови и креативни идеи;
ФЛЕКСИБИЛНИ – да ја користите вашата способност да ги набљудувате нештата од различни агли, како и способноста да ги вклучите сите сетила при создавањето на нови идеи; ОРИГИНАЛНИ – да создавате идеи кои се единствени и необични; ЕКСПАНЗИВНИ – да ги развиете вашите идеи до крајни граници.
Тони Бузан е автор на бестселерите Моќта на духовната интелигенција, Главата на прво место и Употребете ја главата. Тој држи предавања насекаде низ светот и неговите книги се издаваат во повеќе од сто земји и на 30 јазици.