Адриен Вилис мора да размисли за целиот нејзин живот кога нејзиниот сопруг ќе ја напушти за друга жена. Наоѓа прибежиште во едно мало крајбрежно гратче наречено Родант, во Северна Каролина за да се погрижи за гостилницата на една нејзина пријателка во текот на еден викенд. Но, ќе надојде голема бура и таа ќе се најде во неволја.
Сè додека не пристигне гостинот – Пол Фланер, кој само што ја продал својата докторска ординација, и дошол во Родант за да избега од своето тешко минато. Додека невремето се приближува, двајцата повредени луѓе ќе побараат утеха еден во друг и за време на викендот кај нив ќе се разбудат чувства кои ќе траат до крајот на нивните животи.
НИКОЛАС СПАРКС ГИ РАЗОТКРИВА ТАЈНИТЕ НА ЧОВЕКОВОТО СРЦЕ
„Болно потресна… ќе Ве расплаче поради радоста и трагедијата“
Daily Mail