📜Ако си пронашол истомисленик, си пронашол спасение.
Старец Тадеј роден 1914г., како дете имал болест на градите и му предвиделе дека ќе живее најмногу 5 години во неговата осумнаесетта година. Одбрал да ги живее со посветеност на Бога.
Се откажал од лекувањето, се пријавил во манастир и преживел не само онолку колку што му предвиделе лекарите, ами уште три војни, две осуди на смрт, два нервни падови, два инфаркта и повеќе од педесетгодишна борба да се достигне смирение.
Иако го барал мирот во осаменоста, тишината и во оддалеченоста од луѓето, ја добил поуката од Бог: „Што војуваш кога не си послушен?“
Имено Бог имал други планови за него и старец Тадеј станал духовен водич, јасновидец и исповедник на реки луѓе од целиот Балкан кои иделе кај него да најдат утеха.
Кога се расчуло во црквата дека Бог го обдарил со дар на јасновидство, старецот за да ги заштити невините души на своите духовни чеда од идолопоклонство, се шегувал на своја сметка:
„Па да, така, застанувам покрај прозорецот и сè гледам…“
Во книгата ќе најдете многу од тие поуки што се универзални иако ги давал при личните исповеди на луѓето кои доаѓале да бидат допрени од Светиот дух со неговото присуство.
Се упокоил во 2003 година.
📜„Дневникот на о. Александар Шмеман го откриваме по неговата смрт, на 13ти декември 1983, кога во неговата работна маса на факултетот беа пронајдени осум тетратки. Тие тетратки беа повеќе од дневник – тука беа забележани неговите мисли, неговите духовни борби, неговите повремени потешкотии произлезени од товарот на секојдневните обврски, и, над сѐ, неговата длабока радост во слава на Божјото создание.“
Дневникот содржи списи од 1973 до 1983 година.
О. Шмеман е познат по својата многустраност и елоквентност како проповедник, професор и свештеник. Неговиот увид во современтата култура, црковниот живот и литургиското празнување оставија неизбришлив белег на многу генерации.
Овие списи нудат увид во тивката, интимната страна на неговиот живот. Тие се сведоци на големината на неговото срце, неговата апсолутна хуманост.