✒Што е покајание? Зошто ни е потребно? Како треба да му пристапиме?
🔸Великиот пост е навистина училиште за покајание што секој христијанин треба да го посетува секоја година, за да ја продлабочи својата вера, да го преоцени и, ако е возможно, да го измени својот живот.
Во брзотекот на нашиот секојдневен живот, немаме време да се замислиме над тоа, и сметаме дека единственото нешто што треба да го направиме за време на постот се состои во тоа да се воздржуваме од извесна храна, да потскратиме со забавата и со разонодата, да појдеме на исповед, да добиеме од свештеникот разрешување на гревовите, да се причестиме (еднаш во годината) и сметаме дека тогаш „сѐ е во ред“, до следната година.
🔸Од неможноста постојано да живееме со вера, надеж и љубов, затоа што ние сме толку зафатени, толку погружени во нашето секојдневие, сето тоа го забораваме – затоа ние грешиме. И преку таа заборавност, преку паѓањето и гревот, нашиот живот повторно станува „стар“, малечок, темен, лишен од секаква смисла, станува бесмислено патешествие кон бесмислена цел…
Но сепак, мора да има некоја причина што Црквата издвоила шест недели, како посебно време за покајание и што нѐ повикува на долг и упорен духовен подвиг…
А ако е така, зарем не е и наша должност да го разбереме учењето на нашата Црква за Великиот пост, да се обидеме да бидеме православни христијани не само по име, туку и по самиот живот…?
✒„Во овој дневник на митрополитот Пимен, кој опфаќа нешто повеќе од четириесетина дена поминати во манастирот на Свети Антониј Велики во Ново Село, на читателот искрено и неизвештачено (каков што всушност и го познаваме владиката), му дава можност да влезе во неговото срце, да прочита или подобро кажано да види самиот што созерцувал неговиот ум во текот на овие четириесет дни во својот лично-соборен стремеж кон светлината на Воскреснатиот наш Господ и Спасител.
🔸За современиот христијанин е исклучително важно да знае дека подвижничкиот дух не смее да остане одлика само на древните христијани и светителите. Тие не се супер-луѓе на кои кревкоста, колебливоста и сите други карактеристики на паднатата човечка природа им биле непознати….“
🔸Владиката навистина живописно пишува за тримерскиот период и низ сето она низ кое поминува човечката волја меѓу одлучноста да Му угодува на Бога и да го љуби и слабостите и потребите на човечкото тело – оваа книга е личен опит од таа борба.
🏷Пости параклис – 399 ден✔
🏷Великиот пост – 499 ден✔
🏷Пакет понуда – Значењето на постите – 799 ден✔
⏳број на страни од 232 + 184
за нарачки:
📩 инбокс
📲078222189