Молитвата е затворање на умот во срцето.
Значи, ако знаеме дека умот на христијанинот, кој се моли, се сретнува со Христа при ословувањето не надвор, туку внатре во себе, тогаш ние можеме да бидеме уверени дека на таквиот поредок му одговара и устројството на нашата природа.
Уште поцелосно сродство на умот со божествената природа и како последица на тоа, неспознатливоста на умот, ја објаснува и свети Василиј Велики во Беседата на зборовите Спознај се себе: „Бидејќи, ако се спознаеш себе, тогаш не ти треба веќе да го бараш Творецот на устројството на сите нешта, туку во себе самиот, како во некој мал свет (микрокосмос), ќеја увидиш големата премудрост на Создателот… Познавајќи ја својата сопствена душа, верувај дека Бог – е невидлив, затоа што и таа е недостапна за телесните очи… Спознај се себе, за да го спознаеш Бога.“
Бидејќи, восхитеноста пред величествените појави не се намалува кога се открива како произлегло нешто необично. А ако и не се открие, простотата на верата нека биде посилен доказ од разумот…