СТАРЕЧНИК
699 ден
Најтрогателен израз на верата и љубовта на првата Црква кон Господа беше мачеништвото на верниците во периодот на прогонството. Во помирните времиња што следеа, мачеништвото со крв отстапи место на исто толку болното мачеништво на совеста, односно доживотната борба на секој христијанин да го достигне совршенството во Христа и очистувањето во овој свет.
Треба да знаеме дека светите отци, кои станаа ревнители и учители на блажениот живот на монасите, откако беа разгорени од божествена и небесна љубов и сметајќи го за ништожно сè што е добро и драгоцено за луѓето, се грижеа да не прават ништо како би покажале; тајно го следеле Божјиот пат и од преголемо смиреноумие настојувале да го прикријат најголемиот дел од своите подвизи. Затоа, никој не можеше точно да ни го опише нивното добродетелно живеење, туку само некои нивни зборови или дела ни беа предадени како запис од оние кои многу се грижеа за тоа, не како да е предадено на нив, туку да ја поттикнува ревноста на оние што допрва ќе дојдат.
– Ако човек во своето срце не каже: „Во светот сме само јас и Бог“, нема да има мир.
– Да не уништив сѐ, немаше да можам себеси да се изградам.
– За да се спасите, правете го ова: „Радувајте се секогаш, молете се непрестајно, благодарете за сѐ“.
Потребно е да се стекнуваат христијански книги, бидејќи и самиот поглед на нив нè прави троми за грев и нè поттикнуваат повеќе да се свртиме кон праведноста.