Во јануари 2003 година Осне Сејерштад велзе во Багдад со десетдневна виза. Остана таму повеќе од три месеци, известувајќи за војната и по неа. Сто и еден ден е нејзин убедлив извештај за градот под опсада и фасцинантен увид од внатре во животот на странскиот дописник.
Наградувана писателка, Осне Сејерштад брилијантно ги пренесува деталите на фрустрациите и опасностите со кои се соочуваат новинарите, во обидот да ја откријат вистината позади моќната пропаганда. Таа прави и портрет на Багдад и неговите жители, обидувајќи се да го претстави нивното секојдневие во сенката на постојаната опасност од напад. Нејзината страствена и ерудитска книга ги отсликува драмата и трагедијата на нејзиниот сто дневен престој во градот зафатен со војна.
Журнал со најмалку самовоздигнување на воен известувач што можете да го најдете … со одлично разбирање на стравовите на ирачаните и сочувство за нивната несреќа. Independent on Sunday
Нуди вреден и многу личен поглед на приказната зад приказните што се објавуваат во нашите весници секое утро, мешајќи ги воените извештаи со сликовитиот портрет на градот и луѓето во него.
Daily Mail
Ја поседува истата силна искреност (како и Книжарот од Кабул) … големите таленти на Сејерштад се огледуваат во нејзината човечност и во тоа што не суди. За мене, тие квалитети ја прават оваа книга многу подобра од било кој новинарски обид досега објавен на тема војната во Ирак.